пат (имн.) - одново (прил.)

6. Музиката, господарка снена, нека те запленува секој пат одново.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Од срецелото натаму на југ патот одново го поприма својот поранешен изглед, повторно станува широк колку да можат да се разминат две воловски коли натоварени со снопје или со сено, или булук овци, кревајќи по себе пепелници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се чини дека сѐ уште не сум напишал, не сум знаел да напишам (притоа сосема искрено мислам на својот недостаток на основно, речиси граматичко знаење): секогаш кога почнувам да пишувам некој нов текст, па и ако е најскромен, присутно е отстапување­то пред непознатото или недостижното, едно поразително чувство на неспретност, неискуство, немоќ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали намерата ви е секој пат одново да смислувате, да ја напуштите претходната трага и да повлечете нова?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)