пат (имн.) - помеѓу (предл.)

На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А потоа многу и зборувал за ѕвездите, за патиштата помеѓу ѕвездите, и за заскитаните поединци што ги среќавал по тие патишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој зборува за „суштински начини“ на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, за „природи на геј-мажите“, за „геј-сензибилитет“ како „суштинска страна на човековата природа“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата заклучна реч, тој намерно одбива да ја огради работата, отфрлајќи говор со завиени квалификации и зборува великански, широкоопфатно, инклузивно и во универзализирачка смисла за „нашата дводуховност“ и за „нашите меѓупросторни природи“ (259).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите, според него, навистина се одликуваат со природна состојба: заедничко ни е својството да му припаѓаме на трет или меѓупросторен пол, на половина пат помеѓу машкиот и женскиот (но поблизок до вториов). ‌Таа отворено есенцијалистичка или есенцијализирачка визија за природите на геј-мажите ги носи со себе вообичаените недостатоци, проблемите што по правило ги тиштат сите есенцијалистички модели на општествениот идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па ајде да повториме некои од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ќе го најде вистинскиот пат помеѓу императивите на прогресот и вечните закони на природата...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Крајната цел со градбата на каналот беше да се скрати за четири илјади километри патот помеѓу Санкт Петерсбург и Биеломорск.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колку добри вистини се искривуваат и изместуваат на оној кус пат помеѓу намерата што треба да речеме и она што ќе истрча од нашата уста)!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)