пат (имн.) - мајка (имн.)

За прв пат Мајка го проколнуваше Бог што не ја зел првин неа, а не нејзините чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но овој пат мајка ми беше дојдена да му каже за новата рожба што ја носеше во намачената утроба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ме покосија овие неочекувани зборови. Прв пат Мајка искажуваше немоќ, крај.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И овој пат мајка му го остава да се излежува. Ване си мисли дека таа му верува!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)