пат (имн.) - ѝ (зам.)

При викот мајчин народот стаписано се стресна и нејзи пат ѝ стори мал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Колку пати ѝ доаѓала желба да појде кај нив дома, да го земе в раце детето, да го гушка, но, не верувала дека би можела да ја разбере таа, другата жена, и не го сторувала тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми се стори во тој момент дека таа жена знае сè... и за солзите и за празнината... и за прв пат ѝ дозволив да ме прегрне.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Александар го истера валцерот речиси беспрекорно – само три пати ѝ ги згазна црвените штикли на Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Оливера се држи за мене, а јас се истргувам и пат ѝ отворам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама патот ѝ го попречил Лабид.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И овој пат ѝ подреков нешто двосмислено. Нешто во врска со складноста на фигурата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но веќе бевме станати. А таа незнам зошто повторно се наврати на стрвоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Студениот мрак ѝ ги скри говедата од пред очи, од погледот, патот ѝ го препречи... ...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Комшиката ѝ рекла: Ги видов и двете одеа накај чешмата, Мила носеше две прашалки и по пат ѝ паѓаа прашалките, падни стани правеа, Љуба не ѝ одеше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мајка го споделуваше Татковиот култ кон книгите уште кога се омажи за него, ама сега некој за прв пат ѝ подаруваше книга, и тоа необична книга која ќе ѝ припаѓа само нејзе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)