пат (имн.) - си (зам.)

А бе ние повеќе пати си пивнуваме, - прирече тој скромно. Тие зборови го жегнаа Коча.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Влегов во мојата соба и ја пронајдов книгата на која беше сликата на мајка ми, заедно со сликите на другите загинати во земјотресот и не знам по кој пат си плачев со неа на градите... мајко, мајчице моја, кој може тоа друг да ми биде...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Преку реката пак, Сандре Марче местеше телевизиска антена на ниското куќарче; Коте Буџе, во тремот на плевната, ја гледаше новата крава, швајцарски сој, што ја беше купил, плукајќи во правта долу, да не ја зарече; Пере Катин спремаше дупка за вар за домалтарисување на новата куќа, која досега беше малтерисана само одвнатре и последен пат си изми раце со потурување од стомне; двајцата сопственици на продавниците, како договорени, ги чистеа и ги прередуваа излозите, а по уличките на селото и на малите празни места, на плоштатките, децата си играа слободно по завршувањето на школската година.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Си бил татко, знаеш колку е мачно, колку е тешко во туѓина да чуеш дека прв пат си станал татко...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Молчи, Јордане! Засрами се!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Затоа пак светот женски крај огништето, павта и везден ја разгорува силата на жарот што тлее, оти огинот сам пат си отвора: додека сѐ пепел да се стори, за жената има надеж.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зошто, мори, колку пати си ме донесла пијан од свадба или од гости? Та само збориш за инат!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Видов дека овој пат си донела книги, рече едно време тој. Да, реков јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И после цел пат си плачев.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае колку пати си ја слушнал песната, а пак мислиш дека за првпат ја слушаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Можело да се претпостави само дека преку нејзиното чело се протегнала уште една брчка, нова и непозната, за капка пот во ноќите на стравот, во ноќите кога повторно ќе си ја прераскаже историјата за оној некој дедо на вториот Онисифор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Знам, си одел со камили. На тој пат си се обидел да приколеш во некој ан патник, чинам призренски латин.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)