пат (имн.) - нѐ (зам.)

Тие патуваа за Луксембург па и патот нѐ врзуваше да бидеме заедно до Кобленц.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неколку пати нѐ пушти на починка, но ни забрани да излеземе од манастирската авлија надвор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По неколку дена, патот нѐ одведе во трет град, а со тоа се наближи денот за враќање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ние веќе бевме тргнати за Солун, вели човекот, ама од пол пат нѐ вратија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не нѐ познава. Прв пат нѐ гледа!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од Елбасан патот нѐ однесе во Драч, во пристаништето. Пешачиме долж доковите, ги гледаме усидрените бродови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Планинскиот пат нѐ однесе во Елбасан. Западно од градот, во подножјето на планината, зреат маслинките.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лево и десно од патот нѐ растоварија и рекоа тука да чекаме додека не стигнат и другите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Татко ми во мигот ништо не рече, но неговиот поглед што спокојно зрачеше од неговите сини очи и овој пат нѐ смируваше, макар што смртта веќе тропаше на вратите од куќите во Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но немаше сила повеќе, Исус ја спаси два пати третиот пат нѐ стигна злобното око на кнезот Тарасиј, престигна Качен на коњ високо со остра сабја во раце замавна силно бездушно, главата летна високо црвен дожд лицата им ги попрска на луѓето тоа што го видоа писнаа силно до небо...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сакав да ја стигнам... Но Мајка, вистински, овој пат нѐ напушти, за прв и последен пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)