пат (имн.) - му (зам.)

Последен пат му се сонил на Јована Акиноски и бил во врска со Јанчевци Крстевци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кој е за бегање — патот му е прав — нека си оди со здравје, — го заврши Ѓорче својот краток, но пламен говор сред дабовата корија и порача на еден од неговите четници да му подаде вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гарванов само промрмори колку да каже нешто: — Секој си е сајбија на својата глава, Ѓорче!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гладот нè води насекаде, оди насекаде, кога и да посака, нему сите патишта му се познати.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Кога беше готов, стана. Удри со секирата еднаш, уште еднаш и третиот пат му пропадна внатре: стеблото да ти биде крублина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога по трет пат му свика да ја извади капата, Рогле започна да ја одврзува, но нерешително.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Овој пат му одржав добра лекција.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа прв пат му се случи кога Рози го презеде од Кети пакувањето на кутиите за ручек.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Последен пат му ја стиснува раката и целата пребледнува). Ех, Симке, Симке!... (Се откинува од неа и се придружува кон групата). (Оддалеку се слуша песната на разделбата).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Знае дека сум болен... Нема душа... (Кашла). Викни му, Зафире, покроце нека чука.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Иван Гарванов неколку пати му пишувал на Гоце Делчев дека Орце Попјорданов, Коста Кирков и Илија Трчков агитирале во Солун, Кукуш и Велес против Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега тие змиулести шарки по патот му беа најдрагото нешто на светот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имал работа со такви ѕвериња повеќе пати во својот живот, честопати знаел да ги лови, а неколку пати му успевало и да ги улови, но сепак не можеше да каже со сигурност дека кој било од оние уловените оставал зад себе толку длабока трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се фаќаше во орото на свадбата и играше, скокаше до распаѓање; кошулата неколку пати му се натопуваше со пот и му се сушеше; го сучеше орото, а луѓето притрчуваа со плоската пијалок, му ја пикаа в уста и му ја гасеа жедта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Лоша, сосема лоша - рече Хелвиг и којзнае по кој пат му излегоа пред очи невеселите слики од првите посети во домот на Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Боге попушти да притиска на педалот за гас кога стрелката на патот му се изгуби пред очи, но колата ги фаќаше свиоците како нишалка на рингишпил - тамам мислиш ќе излета таа ќе се врати и ќе се исправи, и во наредниот момент е подготвена да ја повтори истата игра на другата страна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Скоро секој пат му тргнуваше со полн гас, ама понекогаш имаше дерење, необични емоции... И тоа не беше сè!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа беше добро и за неговиот весник, му ја надополнуваше акцијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секој пат кога ќе се искачеше, тој носеше претпланици.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ѕверовите губат здив кога кришум ќе се здаде од модрите длабочини А кога ќе извисне и кога ќе зататни во грлото запенува вруток бел Божилакот стои нем под кој еднаш сал помина секавица престорен Трча коњот мојот коњ Патот му го брои времето на зелен часовник Понекогаш кришум идам да го видам јавачот дали седи во сенките или шета по времето А тој - уздата ја држи главата му во облаци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Огновите на ровјето зјаеја од него, а громовите патот му го осветлуваа!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)