пат (имн.) - заснове (гл.)

Со оглед на тоа дека приправниците најчесто се лица кои за прв пат засновуваат работен однос, оспособувајќи се за работа во струката за која стекнале стручна спрема, законодавецот наместо да го стимулира овој дел од работништвото, тој дополнително остава можност за уште поголема негова експлоатација;13 б) кај договорот за вработување со пробна работа, во чл. 60 беа додадени два нови става кои нормираа дека при вршењето на сезонската работа, пробната работа може да трае три работни дена, додека пак експлицитно беше утврден рок од три дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со пробна работа по кој работодавачот не може да го откаже овој посебен вид на договор за вработување (чл. 10 од ЗИДЗРО/фев.13); в) едни од најкатастрофалните измени во поглед на работничките права дојдоа со измените на одредбите кои ги регулираат општите услови за засновање на работен однос на лицата под 18 години.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)