пат (имн.) - бил (гл.)

Децата ме забележија од градината и ми се фрлија во прегратка. Гзиме очекуваше веднаш да заминам.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Други пати било помалку итно и веднаш сум заминувал!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко и овој пат бил по право, требале да го послушаат, ни пишу­ваше тетка во писма испраќани преку ретки патници во Ма­кедонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие што тргнаа преку Веселички Рид уште еднаш, штом се завкачиле по падините на ридот, виделе дека попусто ќе одат и понатаму: во снегот немало никакви траги, ни човечки ниту, пак, од некој ѕвер, но зашто била издадена таква заповед, се префрлиле преку рид и низ Веселчани и по Џаде дури до Алинци стигнале, а другите, кога дошле до Галичка Река, решиле да не одат понатаму: од Алилово натаму снегот по патот бил сиот разгазен и колку повеќе се приближувале до градот тој толку поразгазен станувал, па зашто никој не можел да одреди кои стапалки чии се, дали од другоселски пазарџии или од ајдутинот и од Бошета, и тие се вратиле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во воз сум кој изгледа како да е од повоена Русија, седиштата од чија утроба ѕиркаат потемнети сунѓери и зарѓани пружини, прозорци кои не се сеќаваат кога последен пат биле отворени, реа на мочка (купето е изгледа блиску до ВЦ-то), и завеси со кириличен акроним, тромави од насобраната прашина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)