парче (имн.) - и (сврз.)

Стаклото се распрсна на триста парчиња и маслото со водата што беа во него го облеа целиот иконостас и душемето под него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Девојченцето го зеде парчето и тапо се загледа во него, можеби и не знаејќи што е тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Власта е способност да се раскинуваат човечките умови на парчиња и повторно да се составуваат во каква сакаш форма.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Влезе, ја допре скалата до шупата и се покачи. Лесно го дофати парчето и се врати дома.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа како да му мина стравот, касна уште неколку залаци спотерувајќи ги со вино додека тој џвакаше полека, другите крај масата грабеа од парчињата и јадеа со сласт.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А, бог те убил ѓаволска направо, а, парче и бурмиче не останало од тебе, вртешко лажлива!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Секое го зграпчи своето парче и двете се изгубија на разни страни, да не си пречат и на мир да го изедат својот појадок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Исече дебело парче и придржувајќи го со ножот и со палецот, го пикна во уста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)