парче (имн.) - по (предл.)

Бре овде ќе се удави гемијата, бре онде ќе пропадне, една цела недела што ја тера гемијата и едно утро приближила гемијата до една ада, та кога се удрила од камењето, парче по парче се направила; сите што беа во гемијата се удавиле, само Силјанче беше се нашол на една штица задржан и беше го исфрлило далгата на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Наредени околу голема маса од патинирано оревово дрво, ги испитуваа сите можности да ме напикаат во некој бунар за мачење и, кинејќји од мене парче по парче, да ме присилат да изјавам во лента на магнетофон дека сум член на илегален штаб чии планови, во најстрога смисла, се сведуваат само на едно - закопување на политичките призраци и побратимување на Земјата со Него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ниедна мислам нема да продолжи да трае тежината на пустошот ќе влече и ѕвезда по ѕвезда ќе паѓа ќе трае таа толку колку што ќе потрае нашата утрена на постела распослан векот парче по парче дури се собере и последниот бран од праискони што лута ќе нѐ покрие.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Тука е пренесена, во својот оригнал, парче по парче, една цела населба од 2 илјади години пред нашата ера.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Св. Петка се струполи на земја парче по парче распарчена од острата сабја на бездушникот па ја одведе во Цариград Главата и одсечена уште ни порака испрати тоа и го прочитав од усните усните и подгорени.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)