парче (имн.) - во (предл.)

— Имам уште за тебе, бре куче! — извикна Димитрија и тргна со берданката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше го закачило парче во десниот образ.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На крајот го следеше и подготвувањето на сирупот од шербет (варена вода, со сок од портокали и шеќер), со кој ја прелеваше испечената баклава со половината од сирупот, а потоа и со другата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, кој го следеше подготвувањето на баклавата од суканите тенки, речиси проѕирни бели кори, до додавањето врз секоја кора на филот претходно направен со мешање на состојките мелени ореви, бадеми и лешници, на крајот сечењето со нож на парчиња во облик на ромб и на крајот печењето во загреаната фурна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е нешто како чипот во компјутерот што е просто едно парче во кое нема ништо а сепак продуцира мисли, цифри, графикони, цртежи, со еден вид мислечки процес.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега за сѐ е доцна. Јас сум расфрлана парче по парче во оваа страшна приказна што ме оддели од себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој уживаше да го гледа црвениот домат на ластарите исто колку што уживаше да го гледа исечен на парчиња во чинија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бојан уште еднаш го пресече својот дел и го стави едното парче в уста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неколку мига, на осветленото парче во дворот, стоев во сон, предадена на млечната ноќ што ми го обвиваше и ми го дразнеше телото со блага свежина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не ги гледа веќе дури ни фенерите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Почнува да се удира насекаде...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Малото бело парче во брановите... што го носат сè повеќе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дино беше на работа, а свекрва ми излезе кај пријателката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пробај само да видиш колку е вкусно, - ми рече и пикна едно огромно парче во устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таму, на тоа место, добронамерниите ветрови не дуваат – продолжи старецот. – Така, и ти имаш едно парче во срцето замрзнато.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)