парче (имн.) - храна (имн.)

Видов само дека моите двајца братучеди, откако завршија со обилното јадење, кротко и тивко станаа, ги собраа сите садови заедно со полуизедените парчиња храна и исчезнаа некаде зад мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас се засркнувам додека јадам, затоа што истовремено и дишам, па морам да џвакам со отворена уста и да им ги покажувам на очевидците стутканите парчиња храна што ми се препелкаат низ плунката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас замислувам како никогаш не би го удрила Дејан по носот, и кога случајно тој сам би се удрил, како со денови би го бакнувала околу завојот и би му ги гледала потечените очи, би му кажувала колку се убави и би му ги влажнела усните за да не му се сушат, но се разбира ова не сум му го кажала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред влезната порта имаше голема мермерна веранда која блештеше на попладневното сонце.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Навистина се изненадив од ентузијазмот на Кристина при споменувањето на едно обично маче, но уште повеќе се изненадив кога таа наместо да истрча да ја гали мачката или да ја намами да дојде кај неа, почна да ѝ вика „пис! пис!“ за да ја избрка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој одбиваше да јаде од нејзината рака, но затоа пак ”стоеше” како мечка на две нозе за да може Милан да му стави во устата некое одбрано парче храна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како што ја отвораше му се гледаа изџвакани парчиња храна во устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)