парче (имн.) - сланина (имн.)

Кети сечеше танки резанки од големото парче сланина и ги редеше парчињата во големата челична тава со бакарно дно и црна пластична рачка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На Стрела, која лежеше скраја, до неговото легло, ѝ даде мало парче сланина, колку да ја расположи, зашто со неа мислеше да излезе надвор, да појде до плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Доктор Коста сечеше парчиња сланина и ги набодуваше на долги лескови прачки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лебот изчезна, двете парчиња сланина ги снема, а момчето уште беше гладно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На кучката ѝ даде поголемо парче сланина, да се засити за подолго време, па ја затвори вратата и без желба за што и да било, освен за лежење, без сила да се помрдне, се спростре на леглото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но јас не се врзувам од користољубие, вели, за кутија цигари и парче сланина... ,Каљинка, каљинка, каљинка маја.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога беше ручек време, оној напред застана и извади од торбата парче леб и парче сланина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оттогаш Ќ секој ден седеше крај прозорецот и грицкаше парчиња сланина чекајќи ја дебелата љубена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На креветот беа оставени неколку големи парчиња сланина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)