парче (имн.) - огледало (имн.)

До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се строиме пред вратата, а реденицата не личи на ништо: Васе свиркаи потскока на едната нога; Танас со парче огледало им ги засенува очите на девојчињата; Митре со стапче им ги вади капите на оние што се пред него; Калчо седи на прагот пред влезот, рошка низ торбето, па се чуди небаре нешто заборавил.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се строиме пред вратата, а редицата не личи на ништо: Васе свирка и потскокнува на една нога, Танас со парче огледало им ги засенува очите на девојчињата, Стојче со стапче им ги вади капите на оние што се пред него, Калчо седи на прагот пред влезот, рошка низ торбето, па се чуди како божем нешто да заборавил.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)