парче (имн.) - железо (имн.)

Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Точно беше ја измерил Никола длабочината и правецот и тие веќе за десетина дена ги изнесоа парчињата од ќунците и удрија на калдрмисаниот ѓериз доволно широк да може човек помешечка да се провлече стотина метра надолу.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му велам: - Не знам какво доживување е да лижеш парче железо!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега работите ми станаа појасни. Мојот предок оставил траги што не се завеваат (еве добив и потврда за бунарот во кој лежело она парче железо со написот „Поцо“) а и физички е опишан: строен маж, секогаш убаво облечен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пошто така, јас детето го вратив, ама му реков да го праша, колку му чини тоа парче железо од осумнаесет сантиметри.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го испратив детето мое да му посака едно парче железо од осумнаесет сантиметри должина... Купено, ја. Со пари...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знаев дека на плацот на Еда е покриен со расфрлани парчиња железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Знаете“, рече широкообразестоит. „Кога Едо ја правеше куќата. Тогаш јас правев една скала и ми требаше едно парче железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Кажи?“ рече широкообразестиот. „Кога ти го испратив синот да му дадеш едно парче железо...“ „Добро“, рече Едо од Битола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Земеме парче железо продупчено од една страна, или голем фишек, го наполнуваме дупчето со барут, потоа со тап клинец врзан со жицата го затвораме дупчето со барут, а потоа со силно замавнување го удираме клинецот од камен; тој удира во барутот и предизвикува силна експлозија.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
На некои им ги отвораат раните, им ги вадат парчињата железо и пак ги зашиваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)