парцела (имн.) - во (предл.)

Таа парцела во гробиштата во Бристол Илко ја закупи со госпоѓата Ана што ја запозна во бањата во Бристол каде што се лечеше од реума и која го зеде да живее кај неа и која го засака толку што не сакаше и по смртта да се раздели од него, та закупи парцела за гроб и за неа и за него - еден крај друг.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А пак син му на Јакима, Китан, го отепа Лиќа; се вмешаа селаните за да не дојде до други убиства; се направи погреб; се закопаа Јаким и Лиќо во семејната парцела во гробиштата еден крај друг - како братучеди.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)