партија (имн.) - шах (имн.)

Тука тој ја разгледува мислата дека менталниот процес на интенција не зависи од постоењето на обичај или техника.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова наведува на помислата дека, според интенционалистичкото објаснување, би можело да постои разбирање на некој израз или следење на правило кое се одиграло само еднаш. (Тој го дава примерот со партијата шах која се играла само еднаш, - или започнала, па била прекината).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога Петар Бем ме повика утредента да дојдам на партија шах, ти ја држеше десната шака во левиот џеб на неговото палто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Шахот беше минијатурна дрвена гарнитура, на лежиштата фигурите беа со боцки што можеа да се пикнат во продупчените квадрати на црните и бели полиња.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам, тоа беше првпат да се најдам во ситуација во која знаев дека сум во право а ете, моите аргументи, колку и да беа разумни, колку и да беа исполнети со сите оние додавки што го осмислуваат животот, како што се моралноста, правдољубивоста, коректноста, дружељубието, и многу други, во случајот кога ја играв партијава шах со пријателот Господ Саздов звучеа шупливо, како да се изговорени од исушени лисја паднати одамна на земјата, и тоа изговорени од нив додека биле во состојба на умирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секоја загубена партија шах со него чинеше исто толку.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ми се насмевна, ми намигна, и предложи: - Ајде да одиграме една партија шах.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дури и слепите партии шах, Што ги играм со сонливиот самоповикан господар На мојата приватност, имаат чуден тек Мојот црн Крал на еф 1 му служи за потсмев Речиси постојано го подложува на заканата Дека за час може да го проголта и тоа Без употреба на расипаните заби и Поспаниот јазик.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не знам дали потоа спие со неа или излегуваат На прошетка Тоа се толку тајновити нешта, За нив никој ништо не раскажува Само знам дека во едно од идните утра мечката ме разбудува Од зимскиот сон и грубо бара да играме нова партија шах Фигурите се убаво подредени а Кралицата, Кралицата со некој Нов нескриен пламен во очите нестрпливо чека Да го повлечам првиот потег И да ја упатам кон нов пораз. на Прочка 2001
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)