партија (имн.) - може (гл.)

На тој начин, за секое предвидување направено од Партијата можеше документирано да се докаже дека било точно; исто како што не му се дозволуваше ни на едно парче вест, ниту на какво и да е изразено мислење спротивно на потребите на моментот, да остане запишано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само нашата пролетерска комунистичка партија можеше да го спаси народот од злата на верска судбина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако Партијата може да ја подаде раката во минатото и да рече за овој или за оној настан дека никогаш не се случил - тоа бездруго е пострашно отколку обичната тортура и смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А.А., видливо за другите, ме прекина: - Само Партијата можеше да ни го открие патот кон сите други, за кои произволно говорите, особено кон братските комунистички партии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)