парк (имн.) - бев (гл.)

Мажите од жена паркот беа разочарани од секојдневните поскапувања и новиот закон за ракија и ајвар што ни го наметнаа европските куросари.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А сакав филмот да ми се прикажува во Radio city, из­лож­ба во Winter Garden, сакав нас­ловна страна во Life, книга на листата на бестселери, плоча на топ- листата...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И сето тоа за прв пат изгледаше возможно. (...) Божиќното собирање во Централ парк беше прекрасно: илјада клинци шњураа наоколу и делеа цвеќе, палеа мирисливи стапчиња, дуваа, земаа есид, делеа дрога наоколу, ја соблекуваа облеката од себе и се валкаа по земјата, боејќи ги своите тела и лица.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Клупата во паркот беше сместена под сенките на една зеленика чии гранки речиси допираа до земјата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И паркот беше испустен, изгазен од многуте луѓе што во првите несреќни денови си најдоа засолниште во него. Изгледаше жално.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Сите влезници се веќе распродадени,“ рече доктор Гете задоволно триејќи си ги рацете една недела пред одржувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Паркот беше послан со мека трева, испресечен со патеки, покрај кои имаше клупи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неколку делчиња од паркот имаше дрвја, групирани така што потсетуваа на театарска сценографија која треба да претставува шума.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сиот град беше поканет на карневалската ноќ во Гнездо, и пространиот парк беше претесен да ги прими сите кои сакаа да дојдат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)