парадокс (имн.) - бев (гл.)

Под знакот на парадоксот појдов во дипломатијата, под знакот на парадоксите се враќав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Станував амбасадор на една земја што всушност не постоеше, акредитиран од една земја што набргу нема да постои, за да станам подоцна амбасадор на десеттиот дел од таа земја, новата независна Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најголемиот парадокс беше што на крајот од својата мисија ја губев земјата којашто ја претставував!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Играта на парадоксите беше всушност самиот мој живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Парадоксот беше во тоа: тие, надвор од циркусот имаа сѐ, ја имаа целата планета, милиони и милиони квадратни километри; ние, во циркусот имавме круг со радиус од одвај дваесет метри, а сепак го имавме целиот свет (сум пресметал дека, според формулата πr2, тоа е само површина од 1256м2.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)