пар (имн.) - чевел (имн.)

Со Земанек, ако требаше, ќе поделевме и еден пар чевли, што се вели: ако требаше тој ќе го облечеше левиот, а јас десниот, и ќе излезевме во град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кај него знај и некој од повидните битолчани да дојди и да нарача неколку пара чевли.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Особено не беше јасно што точно се подразбира под „среќа“: еднаш тоа беше куп статистички параметри кои би требало да укажуваат на нечија благосостојба, висината на просечна плата или парот чевли по глава на жител.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
за писмата со топли поздрави до неговите родители што живееја на другиот крај на светот и за телефонските извинувања на моите родители во истиот град што не сме ги посетиле на сведен, оти, нели, пак тој морал да се задржи на работа, за левиот чевел од секој пар чевли што се купуваше за помалата ќерка, а кои тепаа на глуждот па требаше да се разлабават кај мајстор Младен, за молерите кои можеа да дојдат само ако е тој на пат оти, се знае, прават страшен неред во куќата и,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)