папок (имн.) - и (сврз.)

Сега во телефонската говорница, ја фати през половина, ѝ ја поткрена блузата над папокот и веќе на голо ја имаше меѓу дланките.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Преку епицентарот во градите, полека се слева како течност. Тука, над папокот и на крајот долу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Покажува на градите, папокот и .... Ја бакнуваш. Сакаш да сакаш. Сакаш да бидеш сакан.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тој беше наведнат врз мојот стомак; со палецот го беше затворил отворот на шишето толку колку од него да капе по некоја капка; сипуваше виното во мојот папок и потем пиеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми се изнагледа одвнатре: папок и икра, психоклиторисни места плотни душеци и страсти за косење ...негативи...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Маж, висок, со шапка, малку поостарен, со тенка бела брадичка на замислен прч; а двете жени, боси, со зелени коси до нивниот разголен папок и со бели нараквици.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)