оџак (имн.) - и (сврз.)

Направив убаво огниште: со синџир, со полица, со чингели, со тланик, дигнав висок оџак и утринум гледав со чадот нагоре како шетаат и моето тело и моето дивно име: ниско под земјата – високо над ѕвездите.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Во огништето, врз запалените дабови цепеници прскаат искри, разигран е пламенот, баботи во оџакот и блажена топлина одајата, а тој издолжува валкани и засмрдени нозе, ги пика во леѓенот со жешка вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Низ цела Холандија, испресечена со бројни дијагонали вода, не можат да се видат извишувања, освен покривите на висококатниците, фабричките оџаци и телевизиските кули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Многу просто, - вели Билјана. - Гледај, да речеме, гледај во оној оџак и кажи ми што гледаш.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повлече оџакот и наеднаш порасна пламенот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)