осигурување (имн.) - ќе (чест.)

Фондот е надлежен и кога правата од пензиското и инвалидското осигурување се остваруваат врз основа на меѓународни договори (чл. 135, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во постапката за решавање на правата од пензиското и инвалидското осигурување ќе се применуваат прописите за општата управна постапка, а за правата кои се остваруваат кај работодавецот прописите за работни односи, ако со овој закон не е поинаку определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во врска со стажот на осигурување, прво, во 1995 година е прецизирано дека во стаж на осигурување ќе се смета само времето поминато во задолжително осигурување за кое е платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 11, ЗИДЗПИО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Второ, во 2003 година, заедно со воведувањето на скратено работно време по- ради нега на потешко хендикепирано дете, пропишано е дека во стаж на осигурување ќе се смета и времето за кое осигуреникот користи право на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на потешко хендикепирано дете според Законот за социјална заштита (чл. 7, ЗИДЗПИО/03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)