оро (имн.) - се (зам.)

Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иде темнината. Иде темнината. Орото се растура. Тивнува панаѓурот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
29. МОМА ШТО ПИЗМИ ОРО СЕ МАЖИ ЗА СВИРАЧ - кој би рекол од инает тоа така бива - која може од многуте сал еден, да бира, а да не се колеба сѐ додека е жива...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Палаво и китно орото се залула... Трајче, понесен од партизаните и орото, чекореше напред и играше.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Секое оро се плаќа на Велигден со јајце, на Водици — со јаболко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)