ориентација (имн.) - кон (предл.)

Затоа, не треба да ја толкуваме женствената позиција на машкиот геј-субјект во тесно сексуална и обродена смисла, небаре е само психосексуална состојба, неминовна последица од некое механичко распознавање на некоја крута сексуална геометрија, на менлив едиповски склоп на предопределени зададени анатомски и психолошки вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепак, критичарите приговараат дека колекцијата на музејот има пренагласена ориентација кон западната уметност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Родовата ориентација е ориентација кон културни практики, културни облици и кон нивните значења; таа не е едноставно ополовен и оброден субјективитет издвоен од некој културен контекст.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-женственоста, значи, е културно обликување, а не само психосексуално.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Средишниот дел на книгава му се посвети на исцртувањето на логичните врски меѓу неколку меѓусебно поврзани вредности што ги создаваат тие констелации и на показот како тие внесуваат обродени и сексуални значења во голем број елементи од културното поле – како тие структурираат една поширока поетика на културата во смисла на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Односот меѓу отворот на непријатност во кружницата на задоволството и „крастата“ што се создава како последица на таквата изложеност, процес е во кој уметноста на деведесеттите често оперира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Постои, исто така, и едно карактеристично британско инсистирање на „огледување на светот“ во уметноста, една значајна ориентација кон реализам, кон повикување на принципот на реалност коешто и кај Фројд игра значајна улога при ослободувањето на потиснатото кое функционира во спротивност со принципот на задоволство. 4 Види С.Фројд, Ја и оно, Нови Сад 1994, стр. 97.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)