организација (имн.) - ќе (чест.)

За мене е достатно кога организацијата ќе рече за некого дека е предавник.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Големите воени организации ќе регрутираат војници од малите сателитски народи, кои ќе ги заменат малите неојаничарски воени единици како што е на пример легијата на странците...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Големите воени организации ќе регрутираат војници од малите сателитски народи, кои ќе ги заменат малите неојаничарски воени единици, како што е на пример легијата на странците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таквите јаничарски елити секоја империја ги подготвува со посебни, радикални методи: но суштинското обележје ќе биде како да ги ослободат идните ешалони на смртта, од корените на нивниот прв, мајчин идентитет, од јазикот, верувањето, од рајот на детството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)