организација (имн.) - не (чест.)

Тој посебно нагласува: „основно е дека ниту еден член од нашата организација не треба да има ништо со овој човек и секој интерес што би произлегол како резултат на локалните контакти или обиди да се заинтересираат нашите членови за него мора енергично да биде обесхрабрен.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Средствата на организацијата не можат да се исплаќаат на членовите, основачите, членовите на органите, застапниците, вработените или со нив поврзани лица – освен во случаи кога член на организацијата е корисник на услугите на организацијата, во согласност со целите определени со статутот и програмата на организацијата (чл. 50, ст.3 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вработените [во НВО секторот] имаат право на плата и надоместоци во согласност со закон и колективен договор – но, поради неспојливоста на функциите, тие не можат 120 да бидат членови на органот за надзор на организацијата (в. чл. 50, ст.5 и чл. 78, ст.2 од ЗЗФ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Зар организацијата не може да најде друг дом за таа цел...?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ова тој го поткрепил со констатацијата дека во случај да биде „обелоденето дека Британците се во контакт со него на кој и да е начин, преку кој и да е канал, на најважните политички односи што јас ги изградив во Бугарија во изминатите четири месеци би им била нанесена непоправлива штета“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај фактот што во Битола сите знаеле148 дека Организацијата не испукала ниту еден куршум, не нападнала ниту еден Турчин, значи не дала ниту еден посериозен повод за битолските колежи (по примерот на Солун), генералниот инспектор на трите вилаети (Солунски, Битолски и Скопски) Хилми-паша, чие седиште тогаш било во Скопје, пред рускиот конзул во Скопје и пред дописниците на „Будимпештански Хирлап“ и „Манчестер Гардијан“ ја дал следнава неточна и тенденциозна изјава: „Околу пладне (на 6 мај) во Битола на повеќе места во чаршијата се пукаше против Турците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)