организација (имн.) - бев (гл.)

По ова, кај работниците настана оправдан гнев и, како што минуваше времето, револтот се акумулираше сѐ повеќе и повеќе.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога еден сатиричен весник на Универзитетот на Мичиген сакаше да ја исмее паниката што го фатила некој поранешен дипломец зашто за претседател на студентската организација беше избран човек што е отворено геј, весникот напиша дека новиот претседател „конечно успеал во својот поход да ја попедерчи целата студентарија на Мичиген...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имено, новиот „инвеститор“, кој веднаш си најде свои полтронски соработници меѓу поранешните раководни структури, само ги испразни фабричките магацини од робата којашто вредеше милиони евра, а не даде ниту денар за осовременување на производството или, пак, негово зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури и претседателот на новоформираната независна синдикална организација беше избркан од работа – по што тој тужеше и, нормално, го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поглед на работната атмосфера – условите за работа во организацијата беа генерално добри.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Организацијата беше и е завиена во тајна, така што долните нејзини членови се слепи орудија за исполнување само на работи диктирани од горни причини и интерес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Инаку, во моментов, има три полициски синдикати кои го покриваат неговиот сектор, но –  според него –  ниеден не е реално активен во однос на правата на работниците, првенствено поради политичките влијанија и притисоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примањето во пионерската организација беше првиот степен на иницијација кон станување на работен човек и граѓанин на нашето самоуправно општество.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)