орган (имн.) - и (сврз.)

Тој дрзок дарител си ги распоредил органите и особините, втиснуваќи се надмоќно во секоја од нив: на тета Наца срцето и подвижноста, на тета Менка цревата и помирливоста, на тета Дитка нервите и досетливоста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Треба да се спомне и дека ЗВРС воведе и обврска за органите и организациите во РМ да обезбедат заштита на личните податоци на странците (чл. 32). 118 Прекршочни одредби Законот од 2007 година предвиде нови основи за изрекување прекршочни санкции.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дури и половите органи и половите односи имаат пристојни, да не речам отмени изрази, а не како нашите безобразни, да не можеш да ги задржиш на јазикот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Може, ама тоа не е наш приоритет. Ние сме сепак Секретаријат за информирање на градот, што значи локален орган и главна цел ќе ни биде афирмирање на подобрувањето на условите за живеење во нашиот град, пресече Тодор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Зар заинтересираните големи сили немаат свои органи и информатори тука во Турција, пак ќе се информираат од задграничните претставници на ВМРО, и тоа во Софија, која - со право или не - се сомничи дека ги поттикнува сите востанички и други акции во Македонија?“198.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, од друга страна, во 2005 беа вове- дени и две подобрувања: •  прво, заштитата од отказ за синдикалниот претставник, која порано траеше само во текот на неговиот мандат, сега се пролонгира уште на најмалку две години по престанување на неговиот мандат (чл. 200, ЗРО/05); и, •  второ, на работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право, во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО/05); 49 ѓ) воведени беа и три дополнителни превентивни одредби во оваа област: •  прво, работодавачот, директорот или некој друг орган и застапникот на работодавачот не смеат да користат присила против кој било синдикат (чл. 198, ЗРО/05); •  второ, се воведоа изречни одредби за судска заштита на правото на здружување и на членските права (чл. 196-197, ЗРО/05); и •  трето, се воведе изречна забрана за контрола од другата, помоќна, страна – односно „работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите т.е. нивните сојузи на повисоко ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите, односно нивните сојузи“ (чл. 195, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
13 До исклучување на државните органи и институциите на јавната служба при административна реорганизација; се продолжи рокот на застареност во кој работодавачот може да му даде отказ на работникот; се отежна постапката за синдикатот на ниво на работодавач да стекне статус на правно лице; беа намалени основите по кои може да се изрече мерка забрана за вршење на работа на работодавачот, а исто така беше намалена висината за глобите на работодавачите за т.н. „потешки“ прекршоци.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Резовите на нивните вратови беа невидливи, исто како и месинганите срца скриени длабоко внатре, како и сребрените органи и фините златни нишки на нервите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)