општество (имн.) - во (предл.)

Каде се тие точки во денешното општество во коишто соучесништвото не се чита како такво, каде што одлуките не се гледаат исклучиво како политички или аполитички, туку како избор?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако нешто е прифатено како убаво, не е важно со кој интензитет тоа е врз вашето тело, не е битно дали тоа нешто во вашето тело може да предизвика карцином или дека телото може да го отфрли.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Такви се работите во општество во коешто владее културата на убавото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа го одбива „професионалниот дискурс“ на мажите чиишто умови се користат „во милитаристички цели“ и за „неверојатни апстракции“ од типот - smart bombs, friendly fire, clean bombs, collateral damage (паметни бомби, пријателски оган, чисти бомби, колатерална штета) - поради начинот на којшто го порекнуваат она што е „познато од стварноста“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Слична 4 Gustav Metzger: Manifesto Auto-Destructive Art, 1961. 5 Carol Cohn: Sex and Death in the Rational World od Defense Intellectuals, Signs: Journal of Women in Culture and Societu, 12:4, 1987. 60 okno.mk е, иако длабоко воздржана, и Лифтоновата потврда на нејзиниот напад врз „професионалниот дискурс“ кога вели: „Извесна доза вкочанетост веројатно е неопходна во мноштвото професионални ситуации - среде операција хирургот не смее да си дозволи во потполност да ги искуси консеквенците од евентуална грешка - но таа сигурно е прекумерна во нашите општества во овој век“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во тренд се новите медиуми, новите технологии, новите и побрзи методи на пренос на информации, демократизација на технолошкиот раскош, диверсификација на пристапите кон дигиталните мрежи, стандардизација на форматот на податоците, умножување на умрежените односи - во тренд е тие предности да го помагаат спроведувањето на новата ера обележана со поголема приватна слобода, зголемена интерперсонална комуникација, ублажен товар да се репрезентира, нови перспективи за проблемот на телото, како и поголем избор за потрошувачкото општество, можности за слободно изразување без исклучоци, а над сè, тие ни овозможуваат брзина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќето општества во светот поседуваат некој метод со кој луѓето го доживуваат животот низ драстично различни реалности во различни времиња, низ различни ритуали и слични работи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Слично како слушањето на музиката и гледањето на ликовни уметнички дела, започнува и допирот да се хуманизира со уметноста на виртуелните машини. Janez Strehovec е доцент на Факултетот за општествени науки при Универзитетот во Ljubljana, каде што предава социологија на групната култура. превод: Славица Пешевска. 1 - Philosophien der neuen Technologie, изд. Ars elektronika, Merve, Berlin, 1989, стр. 126. 2 - Digitaler Schein, изд. F.Rotzer, Frankfurt, 1991, стр. 350. 3 - Philosophien der neuen Technologien, стр. 125. 4 - Aisthesis, Wahrnehmung heute (зборник на расправи), Leibzig, 1990, стр. 46. 5 - P. Virilio, „Das irreale Monument”, Berlin, 1992, стр. 43. 46 Margina #15-16 [1995] | okno.mk 6 - F. Popper, Die Kinetische Kunst, Koln, 1975, стр. 29. 7 - G. Deleuze, Podobagibawe, Ljubljana, 1991, стр. 62. 8 - Istoto delo, стр. 64. 9 - Тука е важно Adorno-вото разликување помеѓу општествената техника и естетската техника, којашто не е доследна на господарењето над природата, туку е конститутивен, со содржината интегриран прием, за што пишуваше Heinz Paetzold во Nomarxistische Asthetik II: Adorno-Marcuse, Du:sseldorf, 1974, стр. 46. 10 - Digitaler Schein, ур. F. Rotzer, Frankfurt, 1991, стр. 157, 158. 11 - Stelarc: „Gesteigerte Gebarden/Opsolete Begehren”, каталог Endo und Nano, Linz, 1992, стр. 233. 12 - J. Baudrillard, Trancparens des Bo:sen, Berlin, 1992, стр. 22. 13 - „Out of control”, каталог Ars electronice, Linz, 1991, стр. 15. 14 - Истото дело, на истата страна. 15 - K.Marx, F.Engels: Избрана дела, I. книга, Ljubljana, 1969, стр. 339. 16 - G.W.F.Hegel, Sa:mtliche Werke, 12. I, Stuttgart, 1953, стр. 68. 17 - W.Benjamin, „Umetnicko delo v casu tehnicke reprodukcije”, Misel o sodobni umetnosti, Ljubljana, 1980, стр. 87, 88. Nick White okno.mk | Margina #15-16 [1995] 47 [изјава дадена 1988 од Џерон Ланиер, еден од зачетниците на идејата за ВР: Говорејќи идеалистички, можам да се надевам дека виртуелната реалност ќе пружи искуство со многукратни реалности, инаку искуство кое го отфрлаат многу луѓе од Западната цивилизација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во таа колку идилична толку и трогателно наивна слика на конечното оздравување на хрватското општество во која одеднаш просветените политички екстремисти покајнички паѓаат на колена пред симболичкиот претставник на златната општествена средина - во популистичката верзија на Готовац, пред народот, а во елитистичката на Кравар, пред “неутралниот граѓанин” - на виделина излегува темелното недоразбирање врз кое Кравар ја гради својата визија за хрватското општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Реалната опасност, тој да се отргне и осамостои и да придвижи сопствена налудничава динамика со која може да ја загрози и егзистенцијата на општеството во целина, само е посреден доказ со колку хазард може да се води една политика која себе се смета за центрумашка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Оваа статична слика на хрватското општество во која улогите на мажите и жените еднаш засекогаш однапред се зададени и се чинат просто природни, сериозно меѓутоа ќе се разниша ако малку подобро го разгледаме историскиот контекст внатре во кој е ситуирана нашата стварност. Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во општество во кое натпреварот во основните културни добра е стожер на делувањето, луѓето не можат да бидат научени да се сакаат меѓусебно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
ЧАМЕЦ ЗА СПАСУВАЊЕ (1944) Појдовната замисла на филмот е секако да се прикаже во еден микрокосмос (чамецот за спасување), макрокосмосот на американското општество во неговото соочување со нацистичката опасност: наспроти униформираноста на нацистичкот тоталитаризам, што го олицетворува еден противиграч, Вили, стои melt- ing pot-от на разновидните социјални слоеви, народности, убедувања, карактери; преку низата напнати сцени и заострени, понекогаш иронично обоени дијалози излегуваат на видело сите општествени, културни и идеолошки напнатости на американското општество, додека бродоломците конечно не најдат доволно моќ за единствен настап против непријателот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Прво сакал веднаш по бродоломот крај чамецот да заплива неговиот труп, но се исплашил од водата (идејата ја искористил во рекламата за Frenzy, кадешто по Темза плива неговиот труп, но тука е секако заменет со кукла), и затоа проблемот го решил така што до чамецот од остатоците од бродот стигнува весник, во којшто меѓу другото има и реклама за брзо слабеење, со вообичаената слика на дебел маж „пред” и на истиот, но ослабен маж „по” (диетата за слабеење) (весникот има и дополнителна драмска функција: со вестите за германските потопувања на бродови да внесе додатна напнатост и страв меѓу бродоломците).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се разбира, за да го избегнат самоубиството, мора да знаат кога да запрат. A coups tires, “со премногу извиени вратови”, го поистоветува инцестот со асфиксијата и со Дишановиот план произлезен од изразот couper le gay: “да се прекине доводот на плин”: да се создаде општество во кое единката мора да плати за воздухот што го вдишува (мерење на воздухот; пакување на воздухот и разреден воздух); во случај плаќањето да не се извршува редовно, се оди кон едно­ставно задушување, ако е неопходно (да се прекине доводот на воздух).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Фундаментално е какво ќе биде искуството на современите национални општества во однос на ова.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мислам дека можете да ги видите позитивните ефекти што ги имаше мултикултурализмот во менувањето на нашиот поим на општество во скорешниот развој на западноевропските држави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа е одлика на нашето општество во целина, а треба да се објаснува преку општествени фактори, како и преку индивидуални. ‌Причините поради кои некои момчиња стануваат хомосексуалци, кои и да биле, мора да се горе-долу истите причини поради кои некои момчиња стануваат хетеросексуалци, со оглед на тоа што само во последниве триста и нешто години момчињата воопшто стануваат едното или другото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не нужно женски идентитет, туку стојалиште во полето на дискурсите и практиките кое е општествено обележано како женско.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И хомосексуалноста и хетеросексуалноста се артефакти на истиот општествено- сексуален систем, систем што во голема мера се совпаѓа со западниот модернитет, иако е систем што различно еволуирал за жените и за мажите.378
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во целава книга согледбите за машката геј-култура си ги врзував со разни теми од машката геј-еротичност и со околностите во кои геј-мажите се издигнуваат до субјективните искуства на желбата и на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога геј-луѓето ќе се лишат од заедничкиот, комунален живот, од сопствен општествен свет, главната мисла на геј-политиката веќе не е отпорот против хетеросексуалното угнетување, туку тоа станува асимилацијата, односно приспособувањето кон главнотековното, поривот за општествена прифатеност и интеграција во општеството во целина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие имаат особена општествена и културна историја, а оттука стануваат и носители на комплексен културен симболизам во кој се вмешани родот и сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто немаме работа со поединечен случај, туку со колективна појава: со масовното обликување на геј- и на стрејт-сексуалности и субјективитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако постоењето на машка геј- култура редовно се признава како факт, еднакво редовно се одрекува како вистина. ‌Да кажеш дека геј- мажите имаат својствен, посебен, карактеристичен однос со културата на поширокото општество во кое живеат не е ништо повеќе од кажување нешто крајно очигледно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А не треба ни да бараме одговори тесно сосредоточувајќи се на градбата на одделните субјекти, како што прават психоаналитичарите, макар поголемите општествени процеси нужно се одвивале преку збир од процеси од помал размер, како што се оние што се случуваат на нивото на индивидуален развој.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во хетеросексуално и хетеронормативно општество – односно, во општество во какво што живеат повеќето читатели на книгава – да посакуваш маж значи да заземеш женско стојалиште.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Тие на претеран начин изразуваат делови од жените, кои стануваат одвоени од целата личност“.202 Тие карикатури на женственоста претставуваат епитом на она што нашата култура го смета за несериозно и ги драматизираат целокупните последици од општественото и симболичното насилство што општеството во кое доминираат мажите го насочува кон сите што се квалификуваат како „женствени“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот. ‌Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој исто така изразува и аспекти на твојот родов и сексуален идентитет, зашто, во рамките на општеството во кое живееме, точниот распоред и дизајнот на облиците, дебелината и облините, боите и другите стилски обележја, колку и да се апстрактни и нерепрезентативни, учествуваат во конкретна културна семантика со мошне голем полнеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да кажеш дека геј- мажите имаат својствен, посебен, карактеристичен однос со културата на поширокото општество во кое живеат не е ништо повеќе од кажување нешто крајно очигледно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е тоа што ќе се обидам да го правам и сега. ‌Ајде да разгледаме еден многу едноставен и очигледен факт.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А какви се грижите на геј-луѓето што ќе се најдат во такви места?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прашањата како што се воената служба за гејовите и еднаквоста во однос на бракот, кои порано беа борби за пристап до осигурување, за правична распределба и за отстранување на дискриминаторските пречки, сега стануваат борби околу симболизмот на општествената припадност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Фактот дека ти се допаѓа некоја славинска рачка многу открива што е за тебе господско, елегантно, отмено или шизичко, а тоа значи дека многу кажува и за твоите општествени стремежи, како и за општествениот сталеж од кој потекнуваш.379 Но не е тоа сѐ што кажува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, има и една мошне конкретна идеолошка придобивка што произлегува од дефинирањето на хомосексуалноста како политичка и општествена состојба, а не како субјективна: таквата чисто политичка дефиниција на гејството помага да се осигура дека хомосексуалноста никогаш повеќе нема да се сфаќа како душевна болест – како болештина за која треба да се обвинат геј-луѓето како поединци, наместо да му се стави на товар на хомофобичното општество во кое живееме. ‌Лезбијското и геј-движење, затоа, имало и тоа како добри причини да го обезважнува субјективното доживување на хомосексуалноста, да пренебрегне како ние ја чувствуваме хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ги елиминира и материјалните предуслови за медиумска култура во чија основа е заедницата, на политички и општествено напредна медиумска култура и, наместо тоа, го поттикнува подемот на сјајните списанија за животниот стил и кабелските канали, кои се насочени кон националната пазарна ниша и кои се темелат врз канонскиот, службен, главнотековен геј-идентитет, а е против прогресивниот интелектуален, политички и естетски израз, особено против облиците на размислување и критика. ‌Во такви околности, програмата на геј-политиката и на геј-живеењето ги запоседнуваат грижите на луѓе што живеат раштркани и релативно изолирани, заглавени меѓу хетеросексуалците во гратчињата и во руралните подрачја, наместо собрани заедно во велеградските центри.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, не само што сум му се огрешил на вкусот; сум открил таму и нешто срамно за целата своја личност, вклучително и за својот сексуален субјективитет – нешто што дотогаш не го насетувал дури ни мажот со кого живеев и спиев веќе некое време. (Добро, можеби потајно цело време се имал сомневано, но, ене, сега имаше несоборлива, гадна потврда.) Ако тоа што ни се допаѓаат некои културни предмети и артефакти може да ни ги открива не само вкусовите туку и идентитетите, така е зашто нивниот естетски стил го прoбликнува цел симболизам, кој досегнува до родот и сексуалноста – симболизам што е и опиплив и мошне тешко објаснив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Создавањето на нови држави, развојот на јавната сфера и цивилното општество во пост-комунистичките држави се често цитирани во расправите за таа трансформација.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Овој киберкомуникациски процес толку брзо напредува, што за да се натпреваруваат, светскиот информациски пазар на 21-виот век, нациите, компаниите, дури и семејствата мораат да бидат сочинети од ориентирани кон промена, имагинативни индивидуалци кои се познавачи на комуницирањето низ новите киберелектронски технологии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Демократијата фино функционира во прединдустриското, орално општество во кое мажите пешачат или јаваат на коњ до центарот на селото каде што разговараат за проблемите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кибернетичкото општество во целост зависи од голем број вакви луѓе кои меѓусебно комуницираат со брзина на светлината, преку државните линии и националните граници.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова движење за индивидуална слобода е ново за човековата историја бидејќи не е засновано на географија, политика, класи, или религија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Индустриските општества создаваат фабрички систем на политика водена од менаџери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа се однесува на промена, не на структурите на моќ, не на тоа кој ја контролира полицијата, туку на индивидуалниот ум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Електрифицираните мисли бараат брз фидбек, создаваат нови глобални општества кои бараат високо ниво на електронски вештини, психолошка софистицираност и отворена интелигенција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Примарната функција на слободното општество во постдемократската ера е заштита на индивидуалната слобода од политичарите кои се обидуваат да ја ограничат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Супстанциите што се продаваат би биле посигурни, со тоа што би се вовеле стандарди во поглед на квантитетот и квалитетот, произведувачите би биле одговорни во случај на нечистотија на производот, а и информациите во врска со влијанието на различните видови дрога по здравјето на човекот и неј­зиното мешање со други дроги би станале широко достапни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ваквиот пристап исто така многу повеќе би одговарал на едно американско сло­бодно општество во кое постои минимум на државна контрола.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Низа книги, какви што биле „Најмладиот ден” на Франц Верфел од 1913 г., или „Лириката на акцијата” на Франц Пфемферт од 1916 г. веќе со своите наслови сведочеа за постоењето слух за граѓанското општество во распаѓање што плови кон катастрофа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Хабиб Бургиба, таткото на нацијата, основачот на Република Тунис, нејзиниот апсолутен господар, со сите дипломи на правните науки во угледните париски универзитети, ги имаше сите претпоставки, да биде првиот творец на граѓанското и повеќепартиско општество во државата Тунис, која по мирен пат (благодарение на генијот на Бургиба) се отцепи од колонијална Франција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имајќи ги пред себе овие основни елементи, човек лесно може да ја разбере, ако веќе не ја разбрал, структурата на Океанското општество во општи црти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целта на ниските, кога воопшто имаат цел - зашто постојана карактеристика на ниската група е тоа што се премногу измрцлавени од ринтање за да бидат свесни, освен повремено, за било што друго што е надвор од нивниот дневен живот - е да се укинат сите разлики и да се создаде општество во кое сите луѓе ќе бидат еднакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Подоцна ќе ви испратам една книга од која ќе го разберете карактерот на општеството во кое живееме и стратегијата со која ќе го уништиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше во состојба да ги разбереш механизмите на општеството во кое живееш, но не и неговите основни мотиви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеше, без сомнение, да се замисли општество во кое богатството, во смисла на лична своина и луксуз, би било рамноправно распределено, додека власта би останала во рацете на една мала привилегирана елита.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Европјаните мислат на САД, во глава им се сиромаштијата, криминалот, моралната криза и паничната состојба во која се наоѓа ова општество во моментов.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Номадство Сите живееме во општества во кои номадскиот начин на живот станува доминантна вредност, бидејќи вреднос­тите со кои располагаме сѐ повеќе можат да се пренесуваат, па така сѐ помалку сме врзани за одредена средина, а со тоа и сѐ помалку сме неподвижни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)