око (имн.) - потече (гл.)

Во грлото му се скрши гласот и од старечкото око потече солза - лута, горчлива, болна, густа, распалена, жешка, срдечна и тажна, во која потона зеницата и само за миг го снема ридот зад кој е големата вода, па планините, па пак големата вода и преку неа...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само толку пишуваше за големата рана на Крстовица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од аголот на левото око потекува солза и се разлева низ образот во танок сребрен конец.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Чувството дека остана сосем сама ѝ го раскинува срцето, ѝ ја полни устата со горчина, ѝ ги потсечува колената осамата што дојде со кобното војничко писменце.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И средбите со најблиските секогаш ѝ беа кратки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо ја седна и излезе од бараката и дури сега, кога сонцето му удри в лице, од неговите очи потекоа тешки, горчливи солзи. Не ги брише.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Македонката со колак коса врз темето не можеше да замижи пред толкава болка па и од нејзините очи потекоа солзи, како и од очите на високиот маж, а заминаа без да ги поздрави толпата, со чувство дека сите ги мразат штом се дрзнуваат да испорачуваат Македончиња како Грчиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Клекна и убаво го гушна, а додека тој одеше на кај својата куќичка од нејзините очи потекоа солзи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)