око (имн.) - бара (гл.)

Ги забуцал прстите во мекиот хумус на шумските сенки со таква силина што дури почувствувал болка под ноктите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Божем очите бараат планина, не езеро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со очи бараше по плочките на манстирскиот двор.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како да бил бессилен да ги ослободи жилите и месото од грч и со матни очи барал капка роса скриена од сонцето под лански лист, да ги допре усните и да го убие огнот на пониженоста и мислел - бил млад, остарел, се намалил, премал ќе се удави во таква капка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)