ока (имн.) - и (сврз.)

Продадоа оки и оки вино, цели череци сува пастрма, грнци и земјени тави се трошеа небаре полни со алва, ама, а Петре ќе стореше чекор в лево - и измеќарот правеше чекор в лево, а в десно - и тој по него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Попот и Трајко беа оковани со пранги од по дваесет оки и врзани со синџири за гуши, со белегзии на рацете, потоа двајцата еден за друг и така ѕевгарички идеа водени напред од четворица сејмени, а назад следени од осум.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Лесната припикна и едно ѓумче од ока и веќе ја кладе машата во жарот да се гори.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)