ока (имн.) - ќотек (имн.)

Ќе јадеш некоа и друга ока ќотек, токо прави го алав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тоа „распрашан" значеше да изеде сто оки ќотек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, сега, браќа, каде да ваќаме? — ги праша Толе другарите над село во гумната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тргнаа сите по скала нагоре, и кога веќе беа на чардакот, Тодор почна да се моли, ама така тивко и нажалено, како човек што јал сто оки ќотек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му расправи на Адема, дека Толе секое идење ѝ удира по сто оки ќотек, а кај оди, што работи, ништо нејзе не ѝ кажува ниту пак ѝ остава нешто за децата, та веќе налет за неа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)