ока (имн.) - вино (имн.)

Нарача едно дваесетипет драмниче тиквешка ракија; виде оти се продава и јадење, та си поруча една солунска сардела и се напи полока винце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вечерта. Пере даде и од него две оки вино.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, рече Испив три оки вино на еден здив и отпростум за душа на стрика Ангела Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од збор на збор го подбидоа да фати облог дека на еден здив и отпростум ќе испие три ока вино и ништо нема да му биде, сакаше да им покаже колку е силен и затоа да престанат да го задеваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе порача две-три оки вино и една табла ореви и ќе му нареди на Јошета со заби да му крши од оревите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Продадоа оки и оки вино, цели череци сува пастрма, грнци и земјени тави се трошеа небаре полни со алва, ама, а Петре ќе стореше чекор в лево - и измеќарот правеше чекор в лево, а в десно - и тој по него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)