однос (имн.) - се (гл.)

Од ваквата правна формулација се гледа дека субјекти на овој чист облигационен [а не работен т.е. трудово-правен] однос се „вршителот“ и „нарачувачот“, а не „работникот“ и „работодавачот“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
1. Со измените и дополнувањата од септември 2010 беа дополнети антидискриминаторските одредби кои од аспект на работните односи се една од клучните нормирани трудово-правни области која ја гарантираат заштитата на трудот, достоинството и интересите на работниците и кандидатите за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И уште им кажуваше дека меѓуетничките односи се столбот, темелот на кој се потпира стабилноста и иднината на оваа држава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
При ова кратко изложенїє присовокȣпȣваме неколко народни песни на Македонско-то наречїє , кои въ много отношенїѧ се любопитни.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“ од Партениј Зографски (1858)
6. Да е оспособен за вршење на обезбедување на лица и имот и да има положено стручен испит за вршење работи на обезбедување на лица и имот [оваа одредба не се однесува на лицата кои најмалку три години извршувале работи и задачи од точката 5 на овој член] (чл. 8, ЗОЛИ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, практиката покажа дека помеѓу основните и најчести причини за дискриминирање при засновање работен однос се субјективните преференци на приватните работодавци, врз основа на роднинска поврзаност („непотизам“) или пријателски врски („протекции“) – а, токму во врска со ова, не беше понудено соодветно законско решение.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
5. Во последните две години пред да добие лиценца да не извршувал работи и задачи од областа на безбедноста и одбраната во органите на државната управа како: овластено службено лице или на посебни работни места согласно со прописите од областа на внатрешни работи, работни места на определени должности согласно со прописите од областа на разузнавањето или работни места од чл. 123 на Законот за одбрана; и
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Упростено речено, во основа на сексуалниот однос се фантазматските обрасци, психичките репрезентации, мисли и идеи кои не се латентни па потоа потиснати како што е тоа случај во сонот, туку се латентни, а потоа подложени на регресија и тоа не формална, туку топичка регресија, преку сензори- моториката до оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)