однесување (имн.) - кон (предл.)

Дали ова е опис на сурово однесување кон животните?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Изложбата, како што Масуд Кан иронично забележува, е примитивен облик на нарцисоидно задоволување и како таква таа е начин на божемно однесување кон другите и давање, а притоа тоа стварно и не се случува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Знаел дека личното всушност е политичко, то ест, дека нечиј став за другите луѓе длабоко обликува, и дури создава, општествено политичка реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојсовото излагање на себе и својата уметност - своето тело како уметност - е длабок чин на давање. превод: Нора Палмер извор: Art Forum, лето 91. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 101
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто го поттикнуваме сентименталното Однесување кон месечината?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Имаше големи поводи да се пишува за нашата голема несреќа, особено кога ни идеа вестите одовде, преку границата, за ликвидирањето на нашиот чичко, за свирепото однесување кон многу припадници од нашето семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Земајќи ги предвид насобраните сознанија за животот и за луѓето дали и денес би постапил така како што постапив тие денови? Не сум сигурен...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, во тој момент станав свесен за чудното, самобендисано, неодговорно дури и опасно однесување кон нашата иднина на поголемиот број мои пријатели, и помислив, не, не помислив само, туку и решив дека морам да ѝ се спротивставам на неодговорноста и на алчноста...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем за многуте од замислениве поединости постоеја и потврди или наслутувања од разговорите со мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но неспорна вистина е дека сите поединости врзани со времето на заминувањето кон планината, со возраста на мајка ми, како и начинот на кој и пристапил војникот долу во полето покрај оној длабок јаз што ја водел водата кон нивите со ориз; а и неговото подоцнежно однесување кон невенчаната девојка од полето; сите тие настани верувам биле токму такви, дури и се случувале токму онака како што си ги замислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали овој начин на однесување кон другиот е како скроен за нив?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И ако промовирате политика на идентитетот, тогаш за вас не постои друг начин за однесување кон идентитетите различни од вашиот, освен да се натпреварувате со нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали овој начин да бидат заедно најмногу им одговара?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што турската влада ги исползувала атентатите како повод за брутално пресметнување со сѐ што било побудно во редовите на нашиот народ, така и големите сили се послужиле со динамитните акции за да ја компромитираат Револуционерната организација и да го оправдаат пред својата јавност пасивното однесување кон жестокото задушување на македонското движење и востанието и наполното застанување на страната на крвавиот султан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Така, излегува дека оние што сакаат да се разберат разговарајќи, мора прво да се ислушаат, потоа да го протолкуваат кажаното, за да на крајот го интерпретираат сознанието или како што стои кај Хајдегер, специфичното однесување кон стварноста (методот не оди подалеку од оној кој се користи во разбирањето на текстот - уметничките дела).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во раскажувањето и однесувањето кон гостите госпоѓа Мариела беше внимателна: се држеше понастрана од можноста да остави впечаток на отменост која, во суштина, и не беше својствена на нејзината природа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Совети за појасна проценка на туѓите мани и доблести со резултат на соодветно однесување кон истите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Конкретизирање на моите илузии во страница вистина, која треба да ја раководи државата во пресудни моменти во однесувањето кон другата држава Шифрантот Петар Иваз ја чекаше пораката, откако ми го предаде катадневниот циркулар на телеграми кои стигнуваа од Централата на прочит.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше новиот трагичен херој во недрата на Картагина кој влегуваше во историјата, различно од Хабиб Бургиба, но обајцата имаа иста цел - да му донесат слобода на својот народ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Картагинците Хабиб Бургиба и Јасер Арафат беа антиподни личности во нивното разбирање, прифаќање и однесување кон владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од друга страна, сите ги освојуваше насмевката на лицето на Марија и нејзиното внимателно однесување кон нив. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со целото свое однесување кон луѓето, кон нејзините пријатели, кон нејзините роднини, Хелвиг придонесуваше да не се мисли на тоа, срамно за човештвото, време.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но тоа се беше случило веќе: јас со сета своја неразумност, посакав веќе двапати да му се исплазам на она затруено тутуле што стоеше пред мојата врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Некоректното однесување кон кодошот? Мисли сериозно?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Овде ќе го спомнам и Денко Самоников, иако неговиот плач и избезуменоста на животните од месарницата не трпат никакви споредби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– И треба да знаеш дека некоректното однесување може да го иритира доставувачот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но и покрај нејзиното непресметливо однесување кон искасапените органи на несреќните животни и спремноста докрај да расчисти со тој несреќен булук, страдањето и мукањето на добитокот постојано се зголемуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Доставките, и усните а и пишуваните, зависат и од обвинетиот, од неговото однесување кон личноста која ја извршува ваквата одговорна граѓанска должност – објаснуваше Господ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од 1964-та Др. Леинџ ја води терапевтската заедница Philadelphia Associotion Ltd, чии членови, ученици, соработници и пријатели, имаат за цел да развиваат адекватно, хумано однесување кон луѓето со проблеми, за кои актуелните сознанија не обезбедуваат ублажување и решавање, а понекогаш психијатриските интервенции дури и ги влошуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се колнам дека ќе бидам пример на добро однесување кон мојот народ...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа наше примитивно однесување кон природата, таа наша неодговорност, е одраз на нашата ниска култура, одраз на нашата неизградена свест.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)