одлука (имн.) - дека (сврз.)

„Дури и ако само го посматрам Nobel и цртам преку него - зборува Frere-Jones за процесот на создавањето на фонтот - секоја цртичка од тоа е одлука дека мора да го интерпретирам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Веќе донесе одлука дека по извесен пригоден интервал - да речеме по еден месец - ќе ризикува повторно да го посети дуќанот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Е, а сега, од Загреб, пилотот ѝ напишал долго писмо, со безброј чуденки и други знаци, со многу грди самообвинувања но и со дефинитивна одлука дека не треба да чувствува никаква обврска кон него, како што и тој себе си сега се сметал за слободен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најсетне и тој сфатил дека бракот и сличните глупости можеле многу неповолно да се одразат на неговата кариера; дека ова можеби звучело по малку и неодмерено па дури и себично но тој бил уверен дека правилно ќе ги сфатела неговите причини бидејќи била полна со разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во средниот век црковните концили за одредени прашања донесуваа одлуки дека се „адијафорични”, што значи неутрални од позициите на верата, така што црквата нема директен однос кон нив, тие не можат да се подведат ниту како грев ниту како доблест.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го употребувам терминот „адијафоризација” како алегорија: она што денес се случува: еден број важни човечки акции се прогласува за морално адијафорични, т.е. неутрални од морален аспект.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Моите сестри се забавуваа а јас си донесов одлука дека нема да се забавувам додека не решам да се мажам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тоа вклучува одлука дека нема да потклекнуваме пред препреката, подготвеност да се мине прагот и да се искуси различното, да се почувствува различното и да се направи промена. 63 Библиографија Anderson, Malcolm. Frontiers: Territory and State Formation in the Modern World. Oxford: Polity, 1996. Andreas, Peter.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Преминувањето на границата значи одење кон нешто ново, нешто кое знаеме дека ќе биде различно од она од кое доаѓаме.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)