одбивност (имн.) - кон (предл.)

Во таа нејзина одвај видлива надворешна промена, имаше уште една, внатрешна: не ѝ се допаѓаа убавите мажи, чувствуваше одбивност кон нив и тоа не го криеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оваа појава тешко можеше да се објасни, освен со култната поврзаност на луѓето кон овие зборови кои не сакаа да ги менуваат, покажувајќи одбивност кон латинската генеза на зборовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Келнерчето послуша со очигледен израз на одбивност кон гостинот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кај Кејџ отсекогаш постоела нагласена одбивност кон сето душевно наметливо, кон сите субјективни преломи на стварноста што ја извртуваат нејзината изворност и ја ставаат во функција на нарцизмот и приватната патологија на оној кој го произведува делото и на оној кој го прима.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)