одбивен (имн.) - кон (предл.)

Тој чувствуваше одбивност кон речиси сите жени, а особено кон младите и кон згодните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мистеријата си остана засекогаш и тука Татко и Камилски немаа што да преземат, освен да се помират со традицијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мене не ми се допаѓаше; беше премногу влакнест, а јас природно имам одбивност кон такви мажи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Штом ќе се изместат од задолжителната, конвенционална мажествена позиционираност која им се должи на тоа што имаат истополова желба, машките геј-субјекти развиваат нетипични родови идентитети преку изнаоѓање различни видови дисидентски односи кон стандардните родови вредности што се врзуваат со културните облици. ‌Ајде да разгледаме еден претставителен, навистина прочуен пример.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со други зборови, диференцијалното родово исцртување на сѐ и сешто, почнувајќи од машките и женските песни во бродвејските мјузикли, па до изразните жанрови и стилови што ги викаме трагедија и мелодрама, создава културен крајолик во кој голем број емоционални и дискурзивни практики се кодираат како мажественост и женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој може, да се послужам со бродвејскиот пример на Клам, да има посебна склоност кон чувствителност или емоционален набој или лични облици на израз – вредности што добро се вклопуваат во песните што прагматиката на музичкиот жанр конвенционално ги става во поджанрот на песните што ги пеат жени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби ќе излезе дека геј-женственоста се состои од културна идентификација со одредени обродени начини на чувствување и на изразување или од привлеченост кон нив, како и од одбивност кон други.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеме да продолжиме онаму каде што запревме на крајот од поглавје 10 и да ја толкуваме привлечноста на тие филмови за геј-мажите и на двете веќе издвоени сцени од нив, и тоа во контекст на нашево сфаќање на кампот. ‌Глетката со лутата мајка би функционирала, според ова толкување, како начин на нова изведба и дејствување преку еден од најголемите ужаси или потенцијални ужаси, од настраното детство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако една од функциите на камп-хуморот е да наврати на трауматична сцена и да ја преодигра таа траума во урнебесно преувеличен сразмер со цел од неа да ја испразни болката што кампот не ја одрекува, тогаш за присвојувањето од страна на кампот на овие драми во судирот помеѓу мајката и ќерката може да се мисли дека е соочување со стравот што тишти многу геј-момчештва и што остава трауматичен талог во внатрешните животи на голем број возрасни гејови: стравот дека обожаваната мајка може да си ја покаже – макар и несвесно, или против своја волја – несовладливата одбивност кон сопственото чедо, одвратноста од тоа што родила и одгледала девијантно дете.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Порано чувствував одбивност кон таквите суштества и за мене беше неутешно кога размислував дека така завршиле толку многу луѓе од нашиот занает…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега мислам на сето тоа без страв, односно не мислам дека тоа е поужасно отколку кога тие луѓе би издивнале од нешто друго…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)