огледало (имн.) - го (зам.)

Но во поседно време огледалото го нема на своето место каде што стоеше; напразно Богдан шета со очите и го бара; на ѕидот се гледа само бела празнина каде што стоело обесено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зјапаше во своето напнато лице, во стеснетите очи, во огледалото го гледаше тлеењето на своето битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во огледалото го гледаше љубовниот пар како си оди и одеднаш острата глетка како Рози ја држи раката на Боб го ослепе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сонувачот, след чудните механизми на сонот, чувствува како го облева задоволство.  Макс Мертен фрла поглед на календарот и констатира дека е 13 октомври 1942, па помислува дали баксузниот датум е добар за ефикасно отплеткување на крупниот јазол, пред три месеци врзан околу вратот на еврејската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го фаќа паника, брцнува во другиот џеб, вади нов флиспапир од него, панично го лепи врз претходниот лик и гледа: од огледалото го гледа насмеаната фаца на Левантинец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш брцнува со раката во внатрешниот џеб, и види, оттаму си го вади лицето, тенко како флиспапир, го положува онаму каде што треба да стои, го притиска со прстите и кога ги тргнува дланките, гледа како од огледалото го гледа лицето на Фирерот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Треба да оди тука близу, до еврејските канцеларии, каде што го очекуваа неговите уплашени соговорници што, Боже мој, беше поволен предуслов за успешни преговори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа од огледалото го истругав сребрениот слој само на оние места на кои сакав да се види дека човекот трча, како и на оној дел на сликата кој го изградивме на објектот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Имав пријателка која не само што се жалеше туку беше и уверерна дека има издолжено лице, и тоа само затоа зашто огледалото го издолжувало.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ама, за разлика од други­те ќерки кои го добиваа огледалото од рацете на своите мајки, Мајка огледалото го доби мошне рано, од својот татко кој ѝ ја пренесе својата тајна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)