огледало (имн.) - бев (гл.)

Едно утро, само што станав, уште недоволно расонета, прво што видов во огледалото беше една грозна мозолка испакната на носот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За бенките, пак, да не зборувам. Секој ден откривам сѐ нови и нови бенки на моето лице и тело.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Огледалото беше во форма на издолжен четириаголник, обвиткано од сите страни со чисто брановидно сребро, филигрански обработено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Келнерот остана да виси над нив, неговиот грб во огледалото беше широк, дибечест.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По тоа пливнато огледало беше грев да гребеш со веслото, па го оставија чунот сам да ги врати на брегот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)