оган (имн.) - ќе (чест.)

Ако сега не стават дрва огнот ќе изгасне и после ќе мрзнат и двајцата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Толку брзо огнот ќе гори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако треба да изгориш – огнот ќе го поприми обликот на моето тело Ако треба да умреш – ќе згасне и мојата врсничка меѓу ѕвездите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во воздухот долго ќе висеа реси од чад, а луѓето долго ќе дишеа вжештен воздух со смрдеа на изгорено, зашто огнот ќе ги изгореше змиите, гуштерите и потполошките и по некоја заборавена мрша.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, само ако ветиш дека огнот ќе го одржуваш постојано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Демонот, духот зол во вас влезен е: зарем со оган ќе го уништите Синот Божји? Зарем верата не си ја знаете?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога во светлоста на пламенот ќе видиш што се криело во одајата ќе станеш и самиот жива светлост, потоа како и пред тоа, ќе си мрак и пепел на својот мрак, ја сфаќа таа за него обична вистина и се насмевнува, мислиш знае што ќе види во одајата кога семоќниот оган ќе ја започне својата игра.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Тие се како седумте џуџиња на Снежана? – праша таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа, кога огнот ќе згасне, и откако сите ќе си легнеме, троловите ќе се рашетаат насекаде и цела ноќ ќе играат, пеат и ќе си разговараат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По огнот ќе видат кај си.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога сонцето ќе зајде, кога месечината ќе зајде, кога огнот ќе згасне, кога звукот не ќе се слуша, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- „Вистина е така, рекол кралот, но кога сонцето ќе зајде, кога месечината ќе зајде и кога огнот ќе згасне, кое е тогаш светлото човеково?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ќе има за огнот! вели Петре, а Вангел шетка со очите по купот За огнот ќе има, ама не гледам нешто долго и дебело што може да послужи за скала! Нема! вели и Петре.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
2 Ноќта е древен храм. Од кубето на мракот огнот ќе ископа многу сурови луѓе.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Каде оган со оган ќе се истрие, и вечноста на мигот ќе се пробие!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
- Господе, велам јас, дали огнот ќе нѐ изгори, дали сонцето или болеста, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овдека ќе почне, вели, во друго село ќе заврши, во оган ќе влезеш, од вода ќе излезеш. 178
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се спрпелка во огнот, а огнот ќе му ги опрли влакната, козината, ќе го соголи и ќе му го земе здивот. Ќе му ја пукне жолчката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)