оган (имн.) - полека (прил.)

Светлоста на огнот полека се менела - потемнувала и ослабнувала, станувала дел на ноќта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Огнот полека се смалуваше, нафрланите штици, дрвца и гранки догоруваа, пламењата иако исправени одвај ги белееа столбовите што се наоколу, а неизбричените и неизмиени лица и покрај бакарните плисоци, ги правеше нестварни и заплашувачки.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Некои станувале, оделе по гранки, се враќале, некои веќе се лепеле за земја и се оддалечувале од сѐ, од себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)