оган (имн.) - го (зам.)

Во Невеска, Баница, Рупиште, Екшису и по целата железничка линија зовреа пушки, пиштоли, бомби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Смилево се запали, огнот го видоа по сите ридишта од Кожув и Албанија и ги запалија сноповите 'ржење што беа приготвени од пред два три месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мислиш силен оган го запалил градот. Температура беше негде околу четриесетиот степен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мајката огнот го пали, како закрилник На плодноста цветањето го потсилува она.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
И огнот го направи своето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од Билишта стигна ново засилување. Нашата артилерија веќе со баражен оган го биеше непријателот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нели огнот го остави да излезе од пештерата А Човекот што го носеше пламенот Го окова на највисока карпа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
а во Америка не палат кандила, како кај нас: со газија и со жарче, таму огнот го водат по некои телови, и не се гасне со дување, дувај си ти, ако немаш работа, и залидани сме, ти велам, некаде, којзнае каде, меѓу облаците значи облак ни го однесе алето,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бел оган го испрска кога ја засече водата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)