облак (имн.) - ги (зам.)

Далеку, зад стреите, западните облаци ги шарел невидлив камшик: по нивната розова кожа се протегаат риги и густа болка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се смурти прво, облак ги надви нејзините густи чатма веѓи, носот ѝ се издолжи уште толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не знам колку време мина кога сонцето блесна од зад облаците ги помести, ги разби маглиштата и талогот на еднообразноста дрворедот се озари доби лик, па одеднаш некои чудни форми почнаа да се об-јавуваат пред моите очи пред зумот, пред заумот. Ми се стори дека од некаде надоаѓа нешто боготворно светлината го овозможува совршенството но треба да го најдеш барај избегни ја судбината на просечниот ум, колатералната штета на непросветленоста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Облак ги сокрива канделабрите: конфети.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа го држеше под рака, одеше со крената глава, беше принцеза и некако од облаци ги поздравуваше луѓето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)