нунко (имн.) - и (сврз.)

Братко, кој ќе чуе ка ќе рече: „Илко Сукалов се жени, па не и навечерал нункото и попот“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Соседните народи еден спрема друг, значи,се јавуваат во вид на нунко и кум.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали се еднакво или нееднакво дарувани, вели, малиот девер и стариот девер, нункото и старосватот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го поканија нункото и попот, а Илко го закла и прасето и сега сето тоа требаше да се спреми.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко го закла и ѝ го остави да го кубат и варат со Митра, а тој го зеде пагурчето со ракија и еднодве јаболка и отиде в село да го покани нункото и еден девер.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)