нужда (имн.) - од (предл.)

Горјан ја извади кожната торбичка и почна да пишува: „Драги Тале, ние сме засега добри, но имаме нужда од лекови и други материјали.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Неколку зборови за македонскиот литературен јазик Во четирите горни статии во оваа книга јас сакав да им ги обрнам погледите на моите сонародници на нуждата од едно корено изменување на досегашниот процес на нашиот духовен развиток, како и на тоа дека моите погледи во тој случај не се нешто ново и безосновно, а се само чекор напред во досегашното развивање на нашето национално самосознание и дека затоа се сосем природни и основани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Создавањето литературен јазик е духовна потреба кај нас, со која се мисли да им се стави крај на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси и со која треба да се создаде свој литературен и научен центар за да се нема нужда од Белград и Софија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го запозна со сите и нагласи дека другаров нема нужда од материјална помош, но ќе треба да се прибере во Организацијата за да се исползува неговото име во општото дело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но на оваа група селани, коишто некако подобро изгледаа од оние од полето, не им се враќаа назад добиците, оти имаа голема нужда од пари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)